Унгарија го одложи ратификувањето на членството на Шведска и Финска во НАТО

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, истакна дека ратификувањето на членството на Шведска и Финска во НАТО ќе се изврши на првата парламентарна седница во 2023 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Орбан во изјава за медиумите истакна дека неговата земја го поддржува членството на двете земји во НАТО.

„Унгарија го поддржува членството на Финска и Шведска во НАТО. Парламентот ова прашање на дневен ред ќе го дискутира на првата парламентарна седница наредната година“, рече Орбан.

Инаку, првата седница на Парламентот на Унгарија во 2023 година се очекува да се одржи во февруари.

Владините претставници на Унгарија претходно изјавија дека потребната парламентарна ратификација за членството на Шведска и Финска во НАТО ќе се реализира во 2022 година.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).