Унгарскиот претседател Тамаш Суљок одбива да се повлече од функцијата

Кога репортерката на ДВ го прашува Петер Маѓар за унгарскиот претседател Тамаш Суљок, новиот премиер на Унгарија станува емотивен. Тој го нарекува Суљок „марионета на Орбан“. Долго време молчел за тоа како и демократијата и владеењето на правото биле занемарувани од неговиот претходник. Таков човек не може да остане на чело на државата и ќе биде „отстранет од функцијата“, ветуваше Маѓар за време на предизборната кампања. Прес-конференција во кабинетот на сојузната влада на 2 јуни 2026 година – Петер Маѓар до Фридрих Мерц. Фокусот при првата посета на Берлин по неговата изборна победа требаше првенствено да биде на германско-унгарските односи, но наместо тоа Маѓар речиси пет минути се „истури“ за претседателот на Унгарија. Што се случува? Шефот на државата во Унгарија главно има само репрезентативна улога и претседателот не игра голема улога во секојдневната политика.

Покрај тоа, поранешниот премиер Виктор Орбан де факто уште повеќе ја деградираше функцијата со поставување лојални, но во голема мера несоодветни кандидати. Но сега, актуелниот адвокат по уставно право, Тамас Суљок, кој е на функцијата од март 2024 годинасе најде во центарот на првата голема борба за моќ по крајот на режимот на Орбан. Петер Маѓар во повеќе наврати од него побара да си поднесе оставка со ултиматум до 31 мај 2026 година. Но, Суљок одбива и сака да остане на функцијата.

„Перото на Орбан“
Сега спорот околу него станува тест за промената на системот. Маѓар уште пред месеци најави дека по неговата изборна победа, сите „марионети“ на Орбан на истурени позиции ќе мора да се повлечат од функциите. Покрај државниот обвинител, раководителите за регулација на медиумите и ревизорските тела, како и претседателот на Националниот суд, сосем на врвот на списокот е и претседателот на државата, Тамас Суљок. Причината е што тој ги потпишувал дури и најконтроверзните закони на Орбан, без да го искористи своето овластување да направи претставка пред Уставниот суд. Затоа претседателот го има прекарот „Перото на Орбан“.

Мнозинството сака оставка
За најнискиот пад во историјата на Унгарија придонесе самиот Суљок, кога западноукраинскиот град Мукачево, каде што живеат многу припадници на унгарското малцинство, претрпе катастрофален руски ракетен напад во август 2025 година, унгарскиот претседател го осуди нападот. Но, подоцна од објавата на Фејсбук го отстрани зборот „руски“ пред именката „напад“. Неодамнешна анкета покажува дека повеќе од 60 проценти од Унгарците сакаат Суљок да си поднесе оставка, но не постои правно погледнато начин избран претседател да се отстрани од функцијата, дури ни ако како во случајот со Суљок, бил поставен на функцијата од еднопарламентарно мнозинство кое потоа е соборено на избори. Петар Маѓар тврди дека во Унгарија не е само нова влада дојдена на власт,туку дека дошло до промена на системот, а дека тоа не е можно ако лидерските позиции во државата се пополнети со дискредитирани соработници на стариот поредок.

 

DW