Ученик нападнал и тешко повредил соученик во Основното општинско училиште „Блаже Конески“ во Велес

Ученик нападнал и тешко повредил соученик во Основното општинско училиште „Блаже Конески“ во Велес, дознава Инфомакс.

Нападот можел да заврши и трагично, но нападнатиот ученик за среќа е во стабилна состојба.

Во текот на вчерашниот ден, според информациите до кои дојде Инфомакс, 12-годишен ученик нападнал свој соученик, почнал да го дави детето до степен жртвата да изгуби свест. Откако останатите деца од одделението се исплашиле и реагирале, напаѓачот го пуштил детето што давел, детето паднало на подот и ја удрило главата по што почнало да му тече крв од ушите. Децата биле преплашени, настанот се случил на одмор, а прва реагирала наставничка која викнала брза помош од каде констатирале дека детето е во критична ситуација, по што било испратено итно во Скопје.

Детето во бессознание е донесено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, а благодарение на брзата интервенција на лекарите истото моментално е во стабилна состојба.

 

 

infomax.mk