Денеска (21.12.2024) околу 12.20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор. Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови. Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година. Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.
Related Posts
Меџити најавува заеднички претседателски кандидат на албанската опозиција
Изет Меџити, претседателот на новата партија Демократско движење најави дека неговата партија, заедно со Беса и со Алтернатива ќе имаат…
(ФОТО) ЈП „Охридски Комуналец“ со тековни одржувања на детските игралишта
Тековно одржување на детските игралишта Екипите на Паркови и зеленило со тековни активности за хортикултурно одржување на детските игралишта во…
Сончево со мала умерена облачност
Претпладне сончево, а од пладневните часови со мала до умерена облачност, поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен…