На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.
Related Posts
Следува затоплување, најавени температури и до 13 степени над нулата
Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта. Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија…
Податоците за вистинските сопственици на фирмите не се користат во борбата против корупција, алармираат невладините
Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето…
(ФОТО) Градоначалникот Пецаков во обиколка на градежни активности кои се реализираат во Стариот дел на градот
Активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“ се одвиваат деновиве. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши…