На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.
Related Posts
Швајцарската велосипедистка Фурер почина по пад од велосипедот на СП
18-годишната велосипедистка Муриел Фурер почина денеска по сериозен пад за време на вчерашното Светско првенство во Швајцарија. Меѓународната велосипедска асоцијација…
Лефков: Ковачевски има помал процент на доверба од процентот на инфлација, затоа потребни се избори веднаш
Македонија е држава која со ваква ненародна власт континуирано е во криза, а имаме пораз практично на сите полиња и…
ВМРО ДПМНЕ: Кузеска го соголи Ковачевски, призна дека не прифаќаа двојни избори од ароганција иако знаеле дека тоа ќе ги чини граѓаните помалку пари
Кузеска го соголи Ковачевски, призна дека не прифаќаа двојни избори од ароганција иако знаеле дека тоа ќе ги чини граѓаните…