На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.
Related Posts
ВМРО ДПМНЕ: Од 1 ноември до сега Ковачевски потроши 2 милиони евра на луксуз, затоа и не сака да прифати намалување на акцизата на горивата за 50%
Од 1 ноември до сега Ковачевски потроши 2 милиони евра на луксуз, затоа и не сака да прифати намалување на…
Тројца тешко повредени откако автомобил излета од пат во Могила
На 13.03.2023 во 22.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат во с.Беранци, општина Могила, патничко возило…
Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела – вели Николоски од ВМРО-ДПМНЕ
Повикувајќи се на одредби од договорот меѓу Владата и американско-турскиот конзорциум, Николоски рече дека ако во рок од 45 дена…