ФЗО со апел до граѓаните: Не отварајте линкови за исплата за рефундација на средства

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соопштение апелира до граѓаните да не отвараат лажни линкови за исплата на средства за рефундација. Тие додаваат дека се појавени лажни пораки кои им се праќаат на граѓаните по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО.

„Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк“, се вели во соопштението.

Од Фондот им укажуваат на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки се со цел да не бидат злоупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки. При појава на ваков случај од Фондот велат одма да биде пријавен до Службата за компјутерски криминал во МВР.

Фондот веќе го пријави случајот во МВР“, велат во соопштение од ФЗО.

 

 

 

skopjeinfo.mk