Филипче најавува резолуција и протести за мигрантите

По онлајн петицијата, лидерот на СДСМ Венко Филипче најави резолуција во Собранието против примање мигранти од Велика Британија, а потоа и протести доколку иницијативата не помине кај пратениците. Петицијата деновиве се очекува да биде поднесена во парламентот.

Што следува ако резолуцијата не помине?
„Од Собранието ќе бараме да се изгласа резолуција за ова да го запреме. Ако не се прифати резолуцијата, еден од начините да се бориме е да повикаме на голем народен протест, заедно обединети да го спречиме носењето мигранти во Македонија“, изјави Филипче на прес-конференција во Скопје.

Toj потсети дека Албанија и Косово веќе прифатиле одбиени мигранти од Британија и Италија. „Ако Албанија и Косово се веќе вклучени, јасно е која би била третата земја во регионот што не е членка на ЕУ. Во овој момент – тоа е Македонија“, рече Филипче.

 

 

 

DW