Кадар на СДС, поставен од Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар. Директорот на ЈСП е кадар на СДС. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДС, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на соопштението се додава:
Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска.
Тоа е тајната коалиција СДС – Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра.
Токму ваквите матни зделки со СДС и криминогеноста на Арсовска беше една од причините за повлекување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ