Марта Мее Офелија Мун Такер (94) од Бирмингем, Алабама, се омажи во 1952 година. Во тоа време, на афро-американските жени не им беше дозволено да влегуваат во салони за венчаници, па затоа таа за својата венчавка носеше темносин фустан, пишува Фокс њуз.Неодамна, скоро 70 години по сопствената венчавка, таа проба вистинска венчаница од салонот и нејзината желба се оствари.Со нејзината внука Ангела Строзиер го гледала филмот „Доаѓајќи во Америка“ и на една свадбена сцена, баба Марта ѝ открила на својата внука дека цел живот сонува да облече венчаница.Нејзината внука решила да ѝ помогне на нејзината баба да го оствари својот сон. Неколку дена подоцна, внуката ја однела својата баба во блискиот бутик за невести. Пресреќната баба испробала две венчаници, а за да ја направи што подобра атмосферата, внуката ја однела на шминка и фризура. Кога пристигнале во бутикот, внуката им ја објаснила на вработените ситуацијата.– Тие беа пресреќни и воодушевени од мојата идеја. Тие беа воодушевени што токму тие ќе ѝ помогнат на баба да си го оствари сонот. Ѝ помогнаа во изборот, ѝ го наместија фустанот како на вистинска невеста – вели внуката и додава дека бабата била пресреќна.– Ова искуство беше прекрасно, посебно за мене. Им реков: Го чекав ова целиот мој живот. Дајте ми фустан “, вели веселата баба.
zenskimagazin.mk