(ФОТО) Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Верувам дека ќе успееме да им помогнеме на овие луѓе кои дојдоа со ужасно тешки повреди!

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во кочанскиот пожар кои се лекуваат во тамошниот Клинички центар.

На неговите официјани профили тој објави и фотографии од настраданите млади луѓе.

„За нас трагедијата во Кочани е како да била овде кај нас. Верувам дека ќе успееме да им помогнеме на овие луѓе кои дојдоа со ужасно тешки повреди. На располагање сме им на нашите македонски браќа и пријатели, а подготвени сме да примиме уште пациенти, бидејќи имаме врвно опремени болници.

На македонскиот народ не му е лесно, а ние ќе бидеме со нив, како што тие беа со нас“, напиша Вучиќ.