(ФОТО) Дара Бубамара се ,,распостели,, на Миконос

Српската пејачка Дара Бубамара за одмор на Миконос потрошила околу 10.000 евра. Пејачката решила да се почести со луксузно патување на популарниот грчки остров покажуваат нејзините објави на Инстаграм.

Таа објави фотографии на социјалните мрежи дека е во луксузен бар на плажа и пие скап шампањ. Со оглед на тоа дека Миконос е познат како место за оние со подлабок џеб, нема сомнеж дека посетителите на плажа ќе платат цело богатство за одмор.

„Дара има три настапи неделно и одлично заработува, но сака и многу да троши. Затоа сега се почести со луксузен одмор на Миконос. Одбрала хотел во кој ноќевање чини 1.000 евра во соба со поглед на море“, раскажала пријателката на пејачката за српските медиуми.

„Излегуваме само на најскапите места и јадеме само во луксузни ресторани. Навистина уживаме. Дара овој пат не го однела синот Коста на одмор, туку заминала со нејзини пријатели. Овде ќе останеме 10 дена, воодушевени сме и од ноќниот живот“, изјавила пријателката на Дара.

Бубамара на социјалните мрежи покажа и како ужива на плажите на Миконос, но и како се дружи во ноќните клубови. Таа се пофали дека диџеј го пуштил нејзиниот нов хит во дискотека.

 

info.mk