Хеликоптер за гаснење пожар без екипаж, тркачки автомобили на соларна енергија, но и робот со две раце, се само дел од новините кои беа прикажани на големиот кинески саем, (CIFTIS), кој не е само обичен саем, туку и своевиден симбол на растот и силината на кинеската економија во последнава деценија. Стартуван и промовиран во 2012 година, овој саем расте секоја година, носејќи се повеќе можности за глобалната трговија со услуги.
Всушност, како што пренесуваат кинеските медиуми, Меѓународниот саем за трговија со услуги во Кина (CIFTIS) 2022 година, кој заврши неодамна, постигна многу плодни резултати, а во тоа се согласија и експерти од повеќе држави од светот.
Со својот лајт мотив „Соработка за подобар развој и иновации за позелена иднина“, CIFTIS од 2022 година се одликува со поголема интернационализација, со учество на преку 7.800 компании онлајн и повеќе од 2.400 претпријатија лично, вклучително и 507 водечки претпријатија во индустријата и 500 компании на Global Fortune.
Ервин Фернандез Балане, советник за туризам на Филипинската амбасада во Кина, рече дека CIFTIS „е одлична платформа“ за земјата да ги покаже своите туристички дестинации, земјоделски производи и можности за трговија и инвестиции.
„Затоа три години по ред учествуваме на CIFTIS“, рече Балане, додавајќи дека саемот понуди „добра можност за зајакнување на односите и соработката, особено за азиските земји кои учествуваат на овој настан“.
Ендрју Картер, комесар за трговија во Австралиската амбасада во Пекинг, рече дека Кина е главен трговски партнер на Австралија и многу австралиски бизниси се доста успешни во извозот на кинескиот пазар. Многу австралиски бизниси ќе продолжат да гледаат кон Кина, додаде Картер.
Извештајот насловен како „Дигитална трговија: развој и соработка“, кој беше објавен во CIFTIS, покажува дека глобалната прекугранична трговија со дигитални услуги надмина 3,8 трилиони американски долари во 2021 година, што претставува 63,6 отсто од вкупната трговија со услуги.

Во светлината на ова зголемено учество, изложбената површина порасна за 26.000 квадратни метри повеќе од минатогодишниот настан, при што нејзината тематска изложбена површина се удвои од пред една година и достигна 20.000 квадратни метри.
„Како меѓународен сеопфатен саем, CIFTIS ќе понуди сеопфатни можности за компаниите ширум светот да се приклучат на кинескиот пазар на услуги и ќе служи како платформа за размена за кинеските фирми целосно да ги искористат домашните и прекуокеанските пазари и ресурси, рече Шенг.
МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ
Во текот на изминатата деценија, силата на Кина да има супер голем пазар стана поочигледна. Акумулираната увозна вредност на трговијата со услуги надмина 4 трилиони американски долари, и според Ванг, на тој начин го задржа второто место во светот осум години по ред.
Ѕвездениот раст во трговијата со услуги дојде кога земјата го забрза своето темпо во изградбата на економија на отворање на повисоко ниво во последниве години.
faktor.mk