Прекрасен ден исполнет со детски џагор.
Денеска на Градскиот стадион, се одржа општинското првенство во атлетика.
Учество зедоа учениците од општинските основни и средни училишта.
Мене ми припадна честа да ги врачам дипломите и медалите за најдобрите од основните училишта.
Со овој настан ги поттикнуваме спортските активности кај децата и го развиваме спортскиот дух, напиша во својата објава на ФБ, градоначалникот Кирил Пецаков.