Голем број верници денеска присуствуваа на светата литургија во манастирскиот комплекс кој се реконструира.
Министерството за култура издвои финансиски средства за реконструкција и реставрација на овој религиски објект, кој беше оставен на забот на времето и крадците по војната од 2001 година.
Комплексот во Матејче некогаш имаше и детско одморалиште, кој беше воздушна бања во која летуваа генерации младинци и деца.
Храмот посветен на Богородица, лоциран над селото Матејче, е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва.
Сместен е на планинскиот масив на Скопска Црна Гора, манастирот ги отсликува врвовите на средновековната ликовна продукција на македонската територија.
Манастирската црква е изградена во XIV век од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале.