Денеска, Македонците во општина Пустец им оддадоа почит на трагично загинатите во Кочани. Администрацијата на општина Пустец, наставниците и учениците од Гимназијата и политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во Пустец, со едноминутно молчење изразија жалост за жртвите.

На плоштадот “Гоце Делчев” во Пустец, нашите сограѓани запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот отец Алекс Темелко се помоли за покој на душите на загинатите и здравје и брзо закрепнување на повредените.

Со искрена болка изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Бог да ги прости и да им подари вечен мир во Царството Небесно.
Македонците од Албанија се молат за душите на загинатите и за брзо закрепнување на повредените.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со Кочани.
Нека почиваат во мир!
FB Vasil Sterjovski