Возило на Брзата помош превртено, а речиси целосно уништен автомобил е епилогот по синоќешната тешка сообраќајна несреќа на Партизанска во Скопје.
Две лица се повредени, а Шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов вели дека Брзата помош била од приватна клиника.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.
На лице место извршен е увид и времено сообраќајот беше пренасочуван.
4news.mk