(ФОТО) Ќерката од Здравко Чолиќ ги распамети своите следбеници

Ќерката на пејачот Здравко Чолиќ (70), Уна Чолиќ (19), често на Инстаграм ги открива своите модни комбинации, а популарните мали фустанчиња и се меѓу омилените.

Таа пред неколку дена објави фотографија во мала темнозелена креација која ја искомбинирала со сако и гламурозна шминка во кафени тонови.

И додека тато е малку подискретен, атрактивната Уна има голем број обожаватели на Инстаграм, речиси 40.000 луѓе. Најмногу носи трендови, меѓу нив се популарни тениски чевли, темни капи, големи јакни и чизми.

Уна е постарата ќерка на Здравко и неговата сопруга Александра. Тие се во брак од 2001 година и имаат уште една ќерка Лара.

24sata.hr