Француската писателка Ани Ерно ја доби Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската академија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нобеловата награда за литература за 2022 година се доделува на француската писателка Ани Ерно за храброста и клиничката острина со која ги открива корените и колективните ограничувања на личната меморија“, се наведува во соопштението.
Андер Олсон, претседател на Нобеловиот комитет, рече дека Ерно „доследно и од различни агли, го испитува животот обележан со силен дипаритет во однос на полот, јазикот и класата“.
„Таа верува во ослободувачката сила на пишувањето. Нејзините дела се бескомпромисни и напишани на едноставен јазик, јасни“, додаде тој.
Ерно е родена во 1940 година. Израснала во малиот град Ивет во Нормандија, Франција. Нејзините книги, меѓу кои и „Местото на мажот“ и „Приказната на жената“ станаа современи класици во Франција.
Минатогодишната награда за литература му припадна на танзанскиот романсиер Абдулразак Гурна, познат по неговите дела кои го истражуваат влијанието на миграцијата врз поединците и општествата.
Нобеловата награда се доделува од 1901 година како признание за достигнувањата во литературата, науката, мирот и економијата. Престижното признание се наградува и со 10 милиони шведски круни.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).