Христијан Нинески по трет пат го извади крстот од водите на Вардар во Скопје

Кристијан Нинески е скопјанецот од населбата Козле кој го фати крстот.

Осветени се водите на Вардар, чин кој заврши со положување на светиот крст од страна на г.г. Стефан. Кристијан Нинески е среќнот верник кој го фати крстот во Вардар. На крајот од осветувањето на водите, г.г. Стефан рече го честиташе празникот Богојавление Водици. Среќниот верник беше даруван. Ова е третпат тој да го извади крстот од Вардар. Првпат во 2019, вторпат во 2020 година и сега, 2023 година.

„Со прекрасниот поздрав Бог се јави и со радосниот одговор Навистина се јави, христијанските народи на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле. Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска не собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан е најцелосното и најјасното јавување на Бога пред човечкиот род“, кажа г.г. Стефан

извор: Република