Царинарница Скопје во 2025 година наплати приходи во износ од 58,7 милијарди денари, што претставува раст од 11 %, или 5,7 милијарди денари повеќе во однос на 2024 година

Царинарница Скопје учествува со 53 % во вкупно наплатените приходи од увоз.
📌Преку откриени нелегални дејствија изготвени се 24.566 записници по кои се донесени решенија за дополнителна наплата од 1,36 милијарди денари.
Само дел од успешно спречените обиди за криминал во 2025:
✅️Спречен обид за криумчарење на златен накит во вредност од половина милион евра
✅️Откриен два тони фалсификуван прашок за перење и 2.500 сетови за инфузија без соодветна дозвола за увоз кои беа запленети и согласно закон уништени
✅️Успешно спречени обиди за нелегална трговија со тутун при што запленети се повеќе од 1.500 штеки цигари и 204 килограми тутун за наргиле.
📎Службата за надзор на иматели на одобренија (СНИО) која е под директна ингеренција на царинарница Скопје во 2025 година извршила 92 теренски контроли при што кај 26 правни лица се утврдени неправилности и изречени се прекршочни платни налози на име на правното и одговорното лице во вкупен износ од 129.410 евра.
📌Резултатите на царинарниците беа разгледани на седницата на Комитетот за координација и контрола на оперативното царинско работење.