Новата учебна година започна, а родителите ги прават последните подготовки за своите деца за училиште. Подготвувањето подразбира обезбедување училишен прибор, ранци, тетратки, како и друг училишен материјал кој стандардно се користи во текот на една учебна година.
Но она што е разлика сега во споредба од минатите години се повисоките цени на училишниот прибор и тоа за над 50 отсто, што е дополнително оптеретување на домашниот буџет доколку се има в предвид и инфлацијата која значително ги зголеми трошоците за животот на глобално ниво, објави trtbalkan.com.
Доколку тргнете во посета на книжарниците низ градовите во земјата, ќе забележите дека цените на училишните материјали се најмалку двојно повисоки за разлика од периодот пред пандемијата.
За да се обезбеди училишен прибор за прваче треба да се издвои околу 3.500 денари, не сметајќи ја облеката и обувките. Во сумата од 3.500 денари е вклучен училишниот прибор кој се состои од моливи, пенкала, боички, ножици, острилки, гума за бришење
Забележително, најголем скок во цените има кај тетратките – „материјал“ кој најмногу го трошат учениците. Од книжарниците, поскапувањето го образложуваат со поскапувањето на хартијата со која се произведуваат тетратките. Колку за споредба, ако цената на тетратките во 2019 и во 2020 година била 10 денари, за истата тетратка сега ќе треба да издвоите најмалку 20 денари, додека тетратките со повисок квалитет чинат и повеќе од оваа сума, односно од 35 денари нагоре. Тоа е 100 отсто поскапување.
На учениците им се потребни и фломастери, а ако порано за нив се плаќаше 60 денари, сега тие се продаваат по цена од околу 90 денари, што е поскапување за 50 отсто.
Зголемените трошоци за училишниот прибор го оптеретуваат домашниот буџет во висина од околу 10 отсто, доколку се земе в предвид фактот дека просечната плата во Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 31.869.
View this post on Instagram
извор: trtbalkanmk