Во калифорнискиот крајбрежен град Малибу, пламенот на шумскиот пожар се проширил од ридската заднина до плажите. Според градската управа затворени се делови од познатиот автопат на Пацифичкиот брег. Илјадници жители ги напуштиле погодените области во текот на ноќта, меѓу кои и бројни познати личности како пејачката и актерка Шер, актерите Мира Сорвино и Дик Ванд Дајк. Неколку илјади домаќинства се без струја. Универзитетот Пепердајн објави на X дека некои згради во кампусот во Малибу моментално работат само со генератори. Од студентите и вработените е побарано да одат во засолништа. Училиштата останале затворени во вторникот.
Повеќе од 700 пожарникари се борат со шумскиот пожар што брзо се шири, досега зафатил површина од повеќе од 1.100 хектари. Во почетокот не било можно тој да се локализира. Нема извештаи за повредени или загинати.
DW