Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе го пропушти претстојното издание на УС Опен, откако американските власти не ги направија неопходните промени во здравствените протоколи за да им се дозволи на невакцинирани лица да допатуваат во САД.
Токму тоа беше последната шанса за Новак да добие зелено светло и да пристигне во Њујорк, но организаторите на УС Опен ги објавија официјалните протоколи за турнирот. Според нив, вакцинирани ќе мора да бидат не само сите тенисери, туку и сите фанови на трибините.
Во САД и во сојузната држава Њујорк се уште важи законот дека ниту едно странско лице кое не е вакцинирано не смее да влезе на американска територија.
УС Опен ќе стартува на 29 август, а бранител на трофејот ќе биде Русинот Данил Медведев.
Следниот настап на Новак ќе биде учеството на Дејвис-куп натпреварувањето во Валенсија, од 15 до 17 септември.
фото: Архива