Јанушев: После 7 години мое лично соочување со политички прогон и малтретирање, можам да кажам дека повторно сум слободен граѓанин на Р.М.

Линк од ФБ објава на Игор Јанушев, пратеник:

После долги 7 години мое лично соочување со политички прогон и малтретирање од страна на т.н. независно или „како пупка отворено“ обвинителство и судство, пред мене имам чисто досие. Во овој момент, после сите нивни сценарија кои пропаднаа, јас гордо можам да кажам дека повторно сум слободен граѓанин на Република Македонија!

Сите овие години одлучив да молчам додека тие зборуваа невистини, а да зборувам кога тие ќе молчат пред вистината и правдата! За овој монтиран случај против мене, во интерес на јавноста ќе го споделам следното:

„Согласно тендерската документација потребни се минимум 21 бод за компаниите да се квалификуваат во II фаза! И покрај тоа што сум единствен од комисијата кој дава доволно бодови за двете компании да се квалификуваат, со што се овозможуваат услови компанијата со пониска цена да го добие тендерот и иако овој доказ (кој денес прв пат јавно го објавувам) од буквално првиот ден им беше познат и на обвинителката, а и на судијата, решија да го игнорираат! Понатаму, нема да коментирам …“

За крај, само ќе додадам дека иако одлучија да играат валкано и подло, на погрешен човек одлучија да ја покажат моќта и силата!