Јанчева: ВМРО- ДПМНЕ да одговори за милионските долгови на ЈСП и плаќањето поскапо гориво?

За само една година локална власт на медарите од ВМРО-ДПМНЕ градот Скопје е во хаос. Најосновните функциии и сервиси локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не може да ги испорача. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка, Скопје за првпат во историјата остана без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плати. Скопјани очекуваат одговори и одговорност за катастрофата што се случува. За само една година Јавното сообраќајно претпријатие направило долг од еден милион евра, истакна Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Дали меѓу причините за овој милионски долг на ЈСП е анекс договорот за набавка на горива, поскапо за 5,6 денари од редовната цена?

Зошто мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ молчи за овој договор? Кого штитат на грбот на скопјани? Дали поради тоа што членовите на Управниот и надзорниот одбор на ЈСП, се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ?

Колапс на ЈСП, на огромни долгови, на задоцнети плати и прекин на јавниот превоз тоа е резултат на несподобноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната градоначалничка Арсовска.

Токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја промовираа како кандидат, ја носеа на терен со другите кандидати за градоначалници, шетаа заедно по митинзи, славеа заедно во белиот дворец.

Лично Мицкоски во нејзино име најавуваше проекти и набавка на автобуси за Скопје.

Наместо бесплатен превоз скопјани останаа без превоз. Наместо нови авотбуси останаа и без тие што ги има.

Нема превоз, нема нови автобуси, има само раце во мед, партизација на институциите и неспособност.

Неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните на Скопје.

извор: СДСМ

видео: СДСМ