Популарниот поп пејач на македонската естрада Дарио Панковски ги брои болни 40 години на музичката сцена. Неодамна Дарио ја омажи својата ќерка каде венчавката ја правеа во црква во Охрид а објави и фотографии од свечениот момент на своите социјални мрежи.
Со својата сопруга Дарио е 33 години во брак а имаат две деца. Целиот изминат период токму сопругата Бојана е неговата најголема поддршка.
-Бојана е од Врање и беше на студии тука. Порано се знаеше како е изегува, одиш прво во 5-6 кафулиња, па на крј диско. Меѓу тие кафулиња стоиме на булеварот ЈНА и требаше да ја поминеме улицата за да одиме накај диско. И јас демек да не ја удри кола ја фатив за рака, и и’ реков нема бегање. И еве не’ 33 години се држиме за рака, раскажува во интервју за Репортер, пејачот Дарио.
фото ФБ