Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци на социјалните мрежи објави статус преку кој дава свое гледиште за настанот кој ја потресе Македонија и регионот. Потпирајќи се на своето истражувачко новинарство таа бара одговор за мотивите за киднипирање на малата Вања.
Во продолжениеобјавата ја пренесуваме во целост:
СТАНОТ НА Н.НАУМОВСКИ-БОРЧЕ 87 Е СЕМЕЈНО НАСЛЕДСТВО НА МАЈКАТА ЗОРИЦА, НО Е НА ИМЕ и СОПСТВЕНОСТ НА ТАТКОТО АЛЕКСАНДАР, кој од денеска е во притвор, покажуваат документите од Катастар на датум 5.12 2023.
Нејасен факт со оглед дека биле разведени.
⛔️ Убиецот #Љупчо #Палевски е сопственик на 106 квадрати во истата зграда на Н.Наумовски-Борче 87, од каде ја киднапираше, а потоа ја уби Вања Ѓорчевска, заедно со уште 3 лица, колку што се гледаат на снимките, а колку што соопшти МВР.
Просториите во зградата која ја градеше неговата фирма пред 25 години [#мансарда, #приземје, #подрум] се на име на неговата фирма ,,Упа Ентерпрајз”.
ℹ️ Тоа значи само тој имал клучеви од подрумски простории и од простории на приземјето каде убиената Вања е онесособена да даде отпор и ставена во вреќа за спиење, а потоа изнесена во возило.
[Нема подземни приоди, но има два посебни влеза – од север и од источната страна, буквално до влезот на Хелсиншки комитет]
■ Сите овие лица се знаат меѓусебе, биле во некакви должничко-доверителски односи, како и партиски.
Биле #соседи повеќе од две децении т.е се среќавале на скалила.
Секако, истрагата треба да покаже кои точно биле односите мајка-татко-Палевски во периодот пред убиството на детето. Дали имале закани, барања, изнуда, дали и какви контакти имал Палевски со Вања.
Зградата е изградена пред 25 години од инвеститорот Палевски.
■ Станот, каде живееле мајката и Вања, го купува од него дедото на Вања, Ванчо Лазаров, в.д директор на Царина во владата на СДСМ и Б.#Црвенковски во 2002, кога Палевски е во зенитот на својата моќ, исто во партијата СДСМ.
Покојниот дедо бил дел од ,,влашко лоби” и близок до Штерјо Наков и ,,Фершпед”.
⚠️ За оние кои не го следеа Палевски и неговите гадни, омразувачки, садистички и неписмени пишувања, тој беше опседнат со омраза кон ,,влашкото лоби” и ги обвинуваше за сите несреќи во земјава.
На поткровјето во тоа време се наоѓа штабот на Градската организација на СДСМ, чиј претседател е Палевски.
■ МВР и ЈО соопштија дека можеби мотив за убиството било ,,користољубие”, затоа што мајката неодамна продала друг стан.
Но, од новите факти, јас сметам дека или бил во прашање токму овој стан, на Н.Н.Борче 87 или нешто друго, нешто многу лично – одмазда, со оглед на свирепоста и ѕверството.
извор: Jordanka Ivanovska-Joci