Ќе почне со изгрaдбата на граничен премин „Маркова Нога-Герман“-Преспа

Постигната е компромисна формула со која се решени сите забелешки на еколошките организации и на граѓаните за изградбата на патот долг 2,5 километри за новиот граничен премин Грција – Македонија до селото Роби во Преспа.

Надлежните органи на Грција уште во февруари годинава ги решија сите отворени прашања за конечно отворање на овој прекуграничен премин кој ќе биде финансиран од ЕУ.

Новата траса на патот е вече договорена, а при изградбата ќе се градат и т.н. „зелени премини“ за фауната од овој регион.

Граничниот премин Маркова Нога беше активен до 1960 година кога Грција реши да го затвори, со што беше прекината комуникацијата на Македонците од Преспанскиот регион во двете држави. Долго време македонските власти се обидувале да се договорат со Грција за отворање на овој премин, но без резултат.

Во октомври 2018 година конечно е одлучено преминот повторно да се отвори со финансиска помош од ЕУ – 7,2 милиони евра. Преку граничниот премин ќе може да поминуваат само патнички автомобили со максимум 10 седишта. Нема да се пропуштаат камиони и туристички автобуси.

 

Vesnik-ilinden.com