Авионот во кој се наоѓал министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, се вратил во Москва, од патот за Кина.
„Билд“ пишува дека Лавров синоќа заминал за Пекинг, се качил во авион, но некаде на половина пат над Сибир неговиот авион се вратил во Москва.
Германскиот весник додава дека авионот во кој патувал Лавров поминал околу 2.800 километри кога го променил курсот и се вратил на аеродромот.
Се наведува и дека не е јасно што се случило, односно дали Пекинг одбил да го прими Лавров или Путин му наредил да се врати.