Авион принудно слетал на аеродромот во Белград

Патнички авион синоќа принудно слетал на аеродромот Никола Тесла во Белград бидејќи на еден патник му се слошило, јавија утрово сропските медиуми. Авионот слетал синоќа околу 22 часот и 20 минути, а итните служби немаат никакви информации за состојбата на патниците ниту за кој лет се работи.