Австралиски боксер ја избрал црквата на МПЦ во Розбери за венчавка

Светскиот шампион во бокс, Тим Цију, русин од Австралија заедно со неговата партнерка Александра Константин, ја избрале македонската православна црква во Австралија за венчавка.

Венчавката била во црквата на МПЦ во Розбери, а дополнително „зачинета„ со македонска традиционална музика и македонски тапани.

– Свадбата на рускиот австралиски поранешен светски шампион во бокс Тим Цију во Македонската православна катедрала на Свети Кирил и Методи, во Розебери Чест за Македонската православна заедница на Австралија. Му посакуваме на него и неговата македонска австралиска невеста просперитетен брак, објави македонската црковна општина во розбери.

Интересно е што ниту тој, ниту неговата сопруга немаат македонско потекло, но речиле да ја изберат токму оваа црква за нивниот црковен брак.

Тимофеи Константинович Цију е австралиски професионален боксер кој ја држеше титулата во јуниорска средна категорија на Светската боксерска организација од 2023 до 2024 година. Тој е син на поранешниот светски шампион во бокс во лесна категорија, Коста Цју.

 

 

 

religija.mk