Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени во автобуската несреќа која се случи во Киркларели во северозападниот дел на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Патнички автобус на фирмата „Нилуфер Туризам“ се преврте и слета во провалија рано изутрина на излезот од Киркларели.
На место на несреќата стигнаа голем број амбулантни и полициски екипи.
Гувернерот на таа турска област, Бирол Екиџи за АА изјави дека станува збор за автобус кој возел од Едрене кон Бодрум и се превртел во округот Лулебургаз.
Гувернерот рече дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, вклучително и едно дете, а дека 25 повредени лица се хоспитализирани.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).