Првиот вицепремиер на Владата и дел од Вреди, Изет Меџити пред состанокот во коалицијата истакна дека за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу.
Тој додава дека Арбен Фетаи ќе остане заменик-претседател на Владата за добро владеење.
„Во раководството на Вреди е усвоено дека Арбен Фетаи останува заменик-претседател на Владата за добро владеење, додека за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу, а за другите позиции ќе се одлучува во наредните денови“, порача Меџити.