На 18.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани. Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн. Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
(ЖИВО) Протестите продолжуваат и денеска – „Нема враќање чекор назад, нема отстапување од Македонија“
Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред влада, преку…
(ВИДЕО) Автомобил излета од патот Кичево кон Стража и падна во река
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера откако автомобил излета од патот и падна во река на патот од Кичево кон…
Ковачевски ги отфрли шпекулациите за реконструкција на Владата
Владата во моментов функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална…