Жена и наводно нејзино вознемирување од страна на 34-годишен Албанец стојат зад неговото бруталното убиство што се случи во понеделникот во раните утрински часови на грчкиот остров Миконос. За убиството е осомничен на 33-годишен Грк, објави analitikum.mk.
Според информациите кои ги пренесуваат грчките медиуми, 33-годишникот го оправдал својот чин на земање ловечка пушка и пукање во 34-годишникот со тоа што претходно вознемирил жена која била во негово друштво.
Крвавиот инцидент се случил во понеделникот во 6 часот наутро во бар кој служел како „афтер парти“ во областа Скајламбела во Миконос.
Според достапните информации, пред убиството имало тепачка меѓу сторителот, кој е сопственик на хотел и жртвата поради жена.
По тепачката, 33-годишниот Грк излегол од кафеаната за да се врати малку подоцна со ловечка пушка во рацете со која пукал и смртно го ранил 34-годишниот Албанец.
Кога бил уапсен, 33-годишникот бил во лоша состојба и очигледно бил под дејство на алкохол. Албанецот со години живеел на Миконос и купил вила во еден од најдобрите делови на „островот на ветровите“.
извор: analitikum.mk.