Премиерот Еди Рама го нарече прифаќањето на Албанија во Единствениот европлатен простор (СЕПА) голем чекор на патот кон Европската унија.
„Уште еден голем чекор на патот кон Албанија 2030 во Европската Унија. Денеска Албанија стана дел од единствениот европски платен систем, што значи дека сите трансфери на пари на Албанците од Европа во Албанија или обратно, веќе нема да имаат финансиски трошоци почнувајќи од 1 јануари 2025 година.
Во моментов, банкарскиот сектор во Албанија врши меѓународни трансфери преку странски кореспондентни банки. Ваквото решение носи високи провизии и релативно долго време за правење трансфери.
vesnik-ilinden.com