Албанија минатата година ја посетиле рекордни 11,7 милиони туристи

Албанија во последните години стана една од најпосетуваните дестинации од туристи од различни земји во светот, кои се љубопитни да ги видат одблиску културните богатства и прекрасната албанска природа, како во планинските така и во крајбрежните области.

Албанија во последните години стана една од најпосетуваните дестинации од туристи од различни земји во светот, кои се љубопитни да ги видат одблиску културните богатства и прекрасната албанска природа, како во планинските така и во крајбрежните области.

Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, ги објави бројките за странските туристи, нагласувајќи дека Албанија во текот на 2024 година ја посетиле над 11,7 милиони странски туристи, со зголемување од 15,2 отсто во однос на 2023 година.

-Покрај зголемувањето на туристичките пристигнувања од земјите во регионот, 2024 година го потврди растот и стабилноста на пазарите од Западна Европа како Италија, Германија, Франција или Обединетото Кралство и ја прошири картата на далечните пазари од далечните азиски и американските пазари, придружени со извонредното влијание врз економијата, напиша Кумбаро на Фејсбук.

Според неа приходите од туризмот за девет месеци минатата година достигнале над 3,8 милијарди евра, што е последица на подобрените стандарди на сместувачките структури а кои се „најдобри показатели за визијата што станува реалност, престижната промоција и добрите искуства кои се создаваат од година во година“.

Бројките ги објави и премиерот Еди Рама и напиша дека 2024 е една рекордна година која докажала дека Албанија не е само куриозитет на моментот, туку конечно го отворила својот пат кон одржлив раст во бројки, создавајќи сериозна и разновидна понуда, како и обезбедување уникатни искуства“.

 

 

 

vesnik-ilinden.com