Алексиовска Папестиев: Во светот на медицината не постојат повеќе граници

Директорката на Гинеколошка акушерската клиника Ирена Алексиовска Папестиев вели дека во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светот, откако денес мајка на возраст од 61 година на свет донесе здраво машко бебе.

„Во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во  Македонија може да се мери со онаа во светот. Ова го говори раѓањето на бебето Петар кое на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Ова пациентка е прва која е останата бремена со сопствена јајце клетка која што била замрзната која добила ин витро третман во нашата држава и целата бременост била следена во нашата држава, а породувањето е извршено на ГАК“, рече Пепестиев.

Директорката посочи дека на пациентката е породена со  царски рез и истата го роди Петар кој е тежок 2.350 грама и е 48 сантиметри долг.

 

 

skopjeinfo.mk