Алжир нареди 12 службеници од француската Амбасада да ја напуштат земјата за 48 часа

Алжир им нареди на 12 службеници од француската Амбасада да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за францускиот весник „Фигаро“, јавува Анадолу.

„Оваа одлука веројатно е одговор на апсењето на тројца алжирски државјани осомничени за сериозни прекршоци на француската национална територија“, рече Баро.

Тој смета дека одлуката е „неоправдана“, објави францускиот телевизиски канал ТВ БФМ.

„Одлучивме заедно, со алжирската Влада, да ја обновиме нишката на дијалог во служба на нашите две земји. Ги повикувам алжирските власти да се откажат од овие мерки за протерување, кои немаат врска со правните постапки што се водат“, додаде тој.

Баро додаде дека Франција ќе одговори „веднаш“ доколку продолжат протерувањата.

 

извор:НОС Холандија