Алијансата за Албанците официјално донесе одлука да ја напушти Владата и да премине во опозиција

По состанок што траеше околу два часа, Алијансата за Албанците официјално донесе одлука да ја напушти Владата и да премине во опозиција.

Одлуката беше соопштена од лидерот на партијата, Арбен Таравари, кој посочи дека причините за ваквиот чекор се незадоволствата.

Меѓу конкретните причини, Таравари ги наведе проблемите со спроведувањето на балансерот, како и нерешените прашања околу Законот за употреба на јазиците.

Тој истакна дека партијата останува верна на своите принципи и дека е време повторно да му се врати на граѓанинот.

 

 

 

4news.mk