Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е задоволен од конструктивноста на лидерите по средбата во Собранието.
– Разлики имаше но беше конструктивна. Се надевам дека ќе продолжиме со овие средби за да се гради заедничка стратегија за да ја промениме денешницата. Доминираше рационалноста и смиреноста, сакам тоа да продолжи да се надминат разликите. Упатив апел да се вратиме на разумот. Ако се отворат прашања од минатото ќе не спречат да одиме кон иднината. Ние сме тие кои бараме членство во ЕУ. Приоритет се даде на уставните измени – рече Ахмети по лидерската средба во Собранието која ја иницираше премиерот Ковачевски, а ја прифатија речиси сите политички партии.
На лидерската се дискутираше за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени кои се услов за преговорите со ЕУ.
Универзитетскиот институт за клиничка биохемија ја обнови постојната апаратура и изминатиот период активно работи на оптимизација на постојните методи и…
Финансиските податоци за 100-те најголеми рабтодавачи во компаниите од приватниот сектор (без банки и осигурителни друштва) покажуваат дека, грубо пресметано,…