Муса Ахмети, внукот на Али Ахмети е приведен за трговија со дрога, дознава ТВ Алфа, според чии информации тој пред извесен период се вратил од Косово, каде бил некое време. Набрзо по доаѓањето во Македонија, бил фатен со дрога.
Дали во текот на минативе три недели од страна на полицијата во Кичево бил уапсен Муса Ахмети под сомнеж за неовластено поседување и пуштање во промет на опојни дроги?, беше прашањето кое „Алфа“ го постави до МВР.
Оттаму одговараат дека лице со иницијалите М.А во Зајас било уапсено по извршен претрес во неговиот дом.
На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело… известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријава… против М. А. од Зајас, информираат од МВР.
М. А., лицето кое има исти иницијали со Муса Ахмети бил уапсен на 27 декември во Кичево поради кривично – правниот настан кој му се става на товар.
извор: ТВ Алфа