Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов со лисици беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден 23-та осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6 и пол милиони евра. Главниот осомничен Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е недостапен за органите, односно е во бегство, според информациите во Виена, Австрија.
Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.
Македонските власти соопштија дека се надеваат на брза и експресна екстрадиција на Ковачевски.