Како последица на моќното невреме во САД загинаа најмалку 63 лица, меѓу кои и 22-годишната Андел Тејлор.
Тејлор била заробена во својот автомобил цели 18 часа. Возилото било опкружено со околу 130 сантиметри снег. Таа го испратила своето последно видео од автомобил на своето семејство, ден пред да биде пронајдена мртва.
Нејзината мајка вели дека таа починала од труење со јаглерод моноксид, иако официјалната причина за смртта сè уште не е позната. Во видеото кое го испратила до своето семејство, Тејлор вели дека е исплашена.
Семејството на настраданата девојка живее во Северна Каролина.
Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки…