Американските научници „оживеаја” вид волк кој изумрел пред 12.500 години

Вид волк кој исчезна пред 12.500 години, наречен „страшниот волк“, беше оживеан од биотехнолошка компанија со седиште во САД, јавува Анадолу.

Компанијата за биотехнолошки науки „Колосал“ (Colossal Biosciences) со седиште во Тексас, соопшти дека нејзините научници користеле античка ДНК, технологија за клонирање и геноедитирање за да создадат три младенчиња на страшниот волк. Со измена на гените на сивиот волк – најблискиот жив роднина – создаден е хибрид кој визуелно и генетски потсетува на праисторискиот предок.

„Ова големо достигнување е прв пример кој покажува дека нашиот сеопфатен систем за деекстинкција функционира“, изјави Бен Лам, коосновач и главен извршен директор на компанијата, во соопштението за јавноста.

Меѓу новосоздадените страшни волци се два машки волка со име Ромул и Рем, и една женка со име Калеиси – именувана според познатиот лик од серијата „Игра на престоли“, каде страшните волци се дел од фиктивниот свет.

Калеиси веќе добила две легла со црвени волци, кои потекнуваат од три различни генетски линии. Тие се состојат од едно женско младенче по име Хоуп и три машки: Блејз, Синдер и Еш.

„Колосал“ од 2021 година работи и на враќање на други изумрени видови како што се мамутот, додото и тасманискиот тигар, но досега не било јавно обелоденето дека компанијата работи и на проект за страшниот волк.

Волците моментално се сместени во голем, строго обезбеден резерват, опкружен со висока ограда, камери за надзор, безбедносен персонал и дронови. За нив е предвидена специјализирана грижа, со посебен простор за страшните волци, ветеринарна клиника и управен центар.

Страшниот волк бил еден од најголемите предатори на своето време и живеел низ цела Северна Америка. Неговата моќна фигура послужила како инспирација за фиктивните волци во серијата „Игра на престоли“.

 

Извор: АНАДОЛИЈА