Американски научници направија нуклеарна фузија која произведува повеќе енергија отколку што потрошила

Американскиот Оддел за енергетика денеска објави дека неговите научници успеале да направат реакција на нуклеарна фузија која произведува повеќе енергија отколку што потрошила, што е значајно достигнување во повеќедецениската потрага по начин за генерирање чиста и без отпад нуклеарна енергија.

Експериментот се одржа во Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија.

„Ова е значајно достигнување за истражувачите и вработените во Националната постројка кои ги посветија своите кариери за да видат дека фузија станува реалност, а оваа пресвртница несомнено ќе предизвика уште повеќе откритија“, рече секретарката за енергетика Џенифер Гранхолм во изјавата.

Најавата доаѓа во време кога администрацијата на Бајден ги насочи обновените напори и финансирањето за развојот на чисто производство на електрична енергија, со посебен акцент на енергијата од фузија. Неодамна донесениот Закон за намалување на инфлацијата содржеше значително финансирање за истражување на теренот.

извор: mk.voanews.com

фото: mk.voanews.com