АМСМ: Врнежи од снег со слaб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-П.Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слaб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-П.Шапка, кој во моментов не претставувaат пречка во одвивањето на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот премин Стража и во Маврово.