Дневни информации (06.04.2025, 17:00ч)
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Од 16:20 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Од 17.00 ч. има забрана за управување со ТМВ на патен правец Охрид-Битола кај превој Буково.
ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.